Вистинските ликови зад Grand Theft Auto 5

Објавено на 07.10.2013 во Новости



Вистинските ликови зад Grand Theft Auto 5

Grand Theft Auto 5 ќе влезе во историјата како најпродаваниот производ од забавната индустрија со чија продажба за само три дена заработи една милијарда долари. Играта GTA 5 се изработуваше цели пет години, а низ тој период се формираа главните ликови Мајкл, Френклин и Тревор, кои ќе станат новите херои на гејмерите ширум светот.
 
 
За градење на карактерите беа ангажирани актерите Нед Лук, Шон Фонтено и Стивен Ог кои цели три години ја „живееја“ играта Grand Theft Auto 5 и имаат голема заслуга за нејзината успешност. Според Фонтено играта имала големо значење за него и неговото семејство и е горд што учествувал во создaвањето на историскиот успех.
 
 
Стивен Ог вели дека е многу задоволен од огромната популарност што ја стекнал и тоа што неговиот лик станал препознатлив насекаде. Прашан пак, за поврзаноста со неговиот карактер Тревор смета дека нема многу сличности.
 
 
Затоа пак Шон Фонтено вели дека Френклин е дел од него и неговата личност, бидејќи и самиот бил член на криминална банда и многу од настаните во играта му се случиле во животот, а тој знае како е да се биди на погрешната страна на законот, но тие времиња сега се зад него.
 
 
Нед Лук сигурно ќе освои голем број на симпатии иако стои зад Мајкл, главниот антихерој во приказната, но смета дека дејствието од играта треба да служи само како забава, без преголеми претензии тоа да се претвори во култно верување и имитирање во реалноста.
 
Извор - GQ
 
Автор - Христијан Станоевиќ