Nokia Asha 503 се враќа на корените

Објавено на 11.10.2013 во Новости



Nokia Asha 503 се враќа на корените

Помалку незабележливо пристигнуваат информациите за Nokia Asha 503 кој заедно со повеќе други помоќни уреди ќе бидат претставени во Абу Даби на 22-ри октомври. Nokia Asha 503 припаѓа на телефоните од претходната генерација, но затоа ќе се продава по многу ниска цена.
 
Од првите слики за Nokia Asha 503 може да се забележи елегантен дизајн составне до два дела. Инаку овој телефон ќе има екран на допир и прединсталиран ќе биде сервисот на Twitter. Останатиот софтвер ќе се состои од елементи од платформата на MeeGo.
 
Телефонот ќе има и 5 мегапикселна камера со LED блиц, а маската ќе има шест варијанти во црна, бела, црвена, зелена, жолта и сина боја.