Samsung подготвува паметни очила Galaxy Glass

Објавено на 15.10.2013 во Новости



Samsung подготвува паметни очила Galaxy Glass

По примерот на Google и Samsung најверојатно ќе произведе сопствени паметни очила кои ќе го носат заштитниот бренд Galaxy. Во светот на технологијата има едно правило ако некој направил нешто пред вас, вие потрудете се да го направите истото ама подобро.
 
 
Дали Samsung ќе успее во таа намера е прилично неизвесно бидејќи Google потроши огромни ресурси во истражувања на тимот за развој како дел од експериенталната лабораторија а, Google Glass беа проект во кој максимално се вложи и Сергеј Брин, ко-основачот на компанијата.
 
 
Од друга страна пак Samsung сака постојано да се натпреварува со Google во секој можен сегмент и токму тие се компанијата која има доволно ресурси да создаде ваков конкурентен производ на Google Glass и во делот на софтверот и во делот на хардверот. 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ