Нов LG G Pro Lite од 5.5 инчи

Објавено на 15.10.2013 во Новости



Нов LG G Pro Lite од 5.5 инчи

LG го користи максимално период пред стартот на празничната зимска сезона со најавување на повеќе одлични уреди кои наскоро ќе се најдат во продавниците ширум светот. Еден од поинтересните смартфони во овој момент е LG G Pro Lite кој ќе работи со функционално пенкало и е наменет за корисниците кои сакаат целосно опремени уреди но, по многу пониска цена.
 
 
LG G Pro Lite ќе има екран со големина од 5.5 инчи со просечна резолуција од 540 x 960 пиксели и како неговите претходници доаѓа со одличен стилизиран дизајн, со компактни димензии, а што е најважно функционалност во сите категории.
 
 
Како што сугерира и неговото име LG G Pro Lite ќе биде смартфон од средната класа па така неговиот дво-јадрен процесор е на самиот минимум со две јадра на MediaТek со брзина од 1 GHz, 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија, слот за мемориска microSD картичка и 8 мегапикселна камера. LG G Pro Lite ќе се најде во продажба до крајот на овој месец по цена од околу 300 долари.