Практични совети за мултитаскинг во iOs 7

Објавено на 15.10.2013 во iOs



Практични совети за мултитаскинг во iOs 7

Новиот оперативен систем iOs 7 ја содржи досега најголемата промена на софтверот лансирана од Apple во последните пет години и се работи за навистина богат систем со многу опции од кои секакао најкорисни се тие за мултитаскинг.
 
 
За полесно да се снајдете при извршување на операциите ви посочуваме некоклу практични совети. Еден од новитетите е можноста за работа со повеќе апликации истовремено, но што ќе се случи кога тие ќе се натрупаат и веќе не знаете што е активирано и работи во позадинa без да забележите.
 
 
Затоа ви ја препорачуваме опцијата за истовремено исклучување на сите апликации и активности со еден допир. Треба само два пати да го притиснете Home копчето со што ќе се активира прозорецот за мултитаскинг. 
 
 
Со двојно притискање на почетното копче ќе се појават и повеќе опции за прегледување на апликациите со кои работите во вид на картички, наредени една до друга во зависност од бројот на активни операции.
 
close-multiple-apps
 
Потоа држете со еден прст и повлечете нагоре за затворање на една апликација која е активна во моментот. За да ги исклучите сите активни апликации треба истата постапка да ја направите но, со движење на два или три прсти од дното кон врвот на екранот со што сите апликации ќе се изгаснат.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ