Што се нуди Samsung Galaxy Round

Објавено на 15.10.2013 во Новости



Што се нуди Samsung Galaxy Round

На интернет се појави првото видео од отпакувањето на Samsung Galaxy Round во кое целосно се прикажува првиот „флексибилен“ смартфон со заоблен екран. Тоа што е најмногу интересно е необичниот изглед со длавбнатина на екранот од неколку милиметри и начинот на кој се приклучува батеријата. 
 
 
Samsung Galaxy Round е сместен во карактеристичната жолта кутија, а во неа се наоаѓаат и слушалки, USB приклучок кој служи и како полнач, заедно со две батерии и заштитна прекривка. Од тоа што може да се види Samsung Galaxy Round е квалитетно изработен смартфон со привлечен дизајн.
 
 
Задната прекривка на смартфонот е обложена со кожа и истата лесно се отстранува со што добивате пристап до внатрешноста на уредот и батеријата која може да се заменува. Samsung Galaxy Round има речиси идентична големина како и фаблетот Galaxy Note 3, со тоа што на дното се наоѓа влезот за USB/полначот, а странично се сместени копчето за вклучување како и регулаторот на звук.