Samsung го доби патентот за паметните очила

Објавено на 25.10.2013 во Новости



Samsung го доби патентот за паметните очила

Google почнува да добива причини за загриженост бидејќи наскоро нема да биде единствениот производител на пазарот со иновативните паметни очила Glass, бидејќи се поблиску до свој ваков уред се Microsot и Samsung чиј патент беше одобрен.

Тоа значи дека Samsung ќе има право да лансира на пазарот сопствени паметни очила кои сега може да ги наречеме Galaxy Glass, но најверојатно корејците ќе смислат некое поинакво име за да не им „бодат очи“ на Google.

Разликата меѓу овие два производа е што паметните очила Samsung Galaxy Glass ќе бидат наменети пред се за спортисти и рекреативци, а ќе имаат и приклучок за слушалки, заедно со стандардните опции за примање на повици, пораки и интернет известувања добиени од смартфонот преку Bluetooth конекција.