Таблетот Nexus 8 исплива на површина

Објавено на 27.10.2013 во Новости



Таблетот Nexus 8 исплива на површина

Google досега лансираше таблети со големина на екранот од 7 и 10 инчи, но речиси никој не се ни посомнева дека постои можност да се појави нов таблет кој ќе има големина од 8 инчи. 
 
 
Неодамна на интернет протекоа информации за Bluetooth сертификација токму на ваков пробен уред. Се работи за моделот LG -V510 кој всушност е варијација на веќе познатиот LG G Pad 8.3 но, ако се знае дека корејската компанија е најголемиот партнер на Google за изработката на новиот хардвер токму овој модел може да биде планираниот Nexus 8. 
 
 
Со оглед на сличноста со LG G Pad 8.3, покрај големината на екранот може да се открие и хардверот составен од четири-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија и солидна батерија од 3200 mAh.
Автор: Aleksandar Stankov