Заштитете го вашиот iPhone од кражба
Објавено на 28.10.2013 во iOs
Со добивањето на новиот оперативен систем iOs 7 доаѓаат и нови опции кои ќе ви помогнат да го заштитите вашиот iPhone или iPad од кражба и за таа намена не треба да инсталирате дополнителен софтвер, бидејќи сите заштитни алатки ви се на располагање во самиот систем.
За таа цел треба да ја употребите алатката Activation Lock која се наоѓа во менито Settings > iCloud > tick Find My iPhone. Отакако ќе пристапите во овој дел може да го заштитите вашиот iOs уред на далечина, односно потоа да го заклучите, како и да спречите некој да ги избрише вашите податоци и да го ресетира смартфонот, за потоа да не може да го откриете.
Освен основните чекори алатката Find My iPhone ви дава и уште неколку одлични можности за поставување на порака на заклучениот екран и тоа од далечина со содржината на пример „ Овој телефон е изгубен“ и слично. Доколку успеете да си го вратите телефонот може повторно да го активирате за нормална употреба преку iTunes или iCloud со внесување на вашиот Apple ID код.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.