Samsung ја освојува NBA лигата

Објавено на 28.10.2013 во Новости



Samsung ја освојува NBA лигата

Корејскиот производител Samsung склучи ексклузивен тригодишен договор со најдобрата кошаркарска лига на светот NBA. Samsung ќе заработи 100 милиони долари за обезбедување на терените со таблети и телевизори за мониторинг, како и за употреба при користење на повторените снимки при носење на судиските одлуки. 
 
 
Исто така сите Samsung мобилни уреди ќе имаат ексклузивни содржини од натпреварите во NBA каде сезоната започнува утре. Ова е одлична можност за промоција на Samsung како бренд со оглед на големата популарност на американската кошаркарска лига NBA која е пренесувана во голем број на држави.