Започна NBA следете го Перо Антиќ на мобилен

Објавено на 30.10.2013 во Новости



Започна NBA следете го Перо Антиќ на мобилен

Денес започна новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот NBA и оваа година ќе биде исклучително интересна за нас со оглед на играњето на Перо Антиќ, првиот македонец преку барата, а сите случувања може да ги следите навремено на вашиот мобилен преку апликацијата NBA Game Time. 
 
NBA Game Time 2013-2014 - screenshot
 
За жал нема да може да ги следиме атрактивните натпревари во живо со големите ѕвезди како Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Блејк Грифин, Кевин Дурант, затоа што сеуште ниту една телевизија не обезбедила права за пренос, но затоа може да се информирате преку NBA Game Time каде ќе ги добиете сите резултати, новости, видеа и информации за омилениот тим и играч. 
 
NBA Game Time 2013-2014 - screenshot
 
NBA Game Time 2013-2014 е официјално е достапна за превземање за мобилните платформи на Android и iOs, со посебни верзии за смартфон и таблет.