Sony се враќа на врвот

Објавено на 04.11.2013 во Новости



Sony се враќа на врвот

Омилената јапонска компанија го забележа досега најуспешниот квартал продавајќи над 10 милиони Xperia смартфони во период од само три месеци, што е огромен раст во споредба со истиот период од мината година кога биле продадени 8 милиони уреди.
 
 
Sony истакна дека причина број еден за ваквиот успех е пласманот на првиот супер смартфон Sony Xperia Z кој ја врати компанијата во премиум класата со високо квалитетен водоотпорен дизајн и најдобри спецификации, идентични како и кај останатите врвни конкуренти.
 
 
Сега целта на Sony е да добие поголемо присуство на пазарот во Кина и САД каде се гледа огромен потенцијал, додека пак традиционално имаат огромна доверба во Европа и Јапонија. До крајот на годината се очекува овие бројки да бидат драстично повисоки со оглед на тоа што Sony Xperia Z1 започна со продажба кон почетокот на откомври и неговата продажба не е внесена во извештајот.
 
 
Sony Mobile го заслужи овој успех со промоцијата на супер квалитетните смартфони Sony Xperia Z1 кој има моќна камера од 21 мегапиксел, како и фаблетот Sony Xperia Z Ultra кој има 6.4 инчен Full HD екран, водоотпорен дизајн и премиум компоненти.