Apple ќе прави моќен iPad Pro

Објавено на 05.11.2013 во Новости



Apple ќе прави моќен iPad Pro

Идејата за создавање на моќен таблет од Apple кој освен за користење на апликации, игри и мултимедија ќе служи и за извршување посложени операции постои подолго време и пред повеќе месеци беа откриени првите патенти за прототип, но сега имаме конкретни информации за реализација на проектот iPad Pro.
 
 
Според аналитичарот Џин Мунстер Apple е подготвен да понуди таблет со висока функционалност кој ќе може да се користи и како лаптоп, со што би влегол во хибридната категорија која инаку е омилена на Microsoft со нивните таблет/лаптопи со оперативен систем Windows 8 Pro.
 
Apple со патент за хибриден лаптоп/таблет
 
Џин Мунстер смета дека Apple ја разгледува оваа можност со оглед на тоа што се повеќе се продаваат таблети, додека продажбата на компјутери опаѓа, па затоа мора да искористи тој пазарен момент.
 
 
iPad Pro би наликувал на ноутбук со екран на допир, додека пак физичката тастатура ќе биде понудена како додаток, слично како што тоа го прави Microsoft, но прашање е каков софтвер ќе биде употребен. 
 
 
Доколку Apple успее да направи комбинација на iOs и OS Maverix кој се користи кај MacBook тогаш на корисниците ќе им се обезбеди потребниот десктоп интерфејс каде ќе може да се инсталираат програми и ефикасен софтвер за повеќе операции.