Откриени спецификациите на Nokia Lumia 525
Објавено на 06.11.2013 во Новости
Nokia Lumia 525 требаше да биде прикажан на промотивното шоу Nokia World кое се одржа на 22-ри октомври но, Nokia се предомисли и го остави овој смартфон за ноември кога треба и официјално да биде презентиран, а во фокусот на вниманието ги стави фаблетите Nokia Lumia 1520, Nokia Lumia 1320 и таблетот Nokia Lumia 2520.
Сега добиваме и први информации кои ги потврдуваат спецификациите на Nokia Lumia 525 кој ќе биде смартфон од ниската класа. Ќе има 4 инчен IPS LCD екран со WVGA резолуција од 480 x 800 пиксели кој ќе може да се користи и со ракавици.
Под хаубата ќе бидат сместени дво-јадрен Snapdragon 400 процесор со брзина од 1GHz и 1 GB RAM, како и 8 GB вградена меморија, заедно со слот за мемориска microSD картичка и 7 GB бесплатен простор на SkyDrive.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.