Lenovo бележи историски раст

Објавено на 07.11.2013 во Новости



Lenovo бележи историски раст

Кинескиот производител Lenovo очекува 36% раст на профитот за третиот квартал од 2013-та благодарение на зголемена продажба на таблети и смартфони. Чистата добивка на компанијата изнесува 220 милиони долари. Продажбата на мобилни уреди пак е двојно зголемена од истиот период минатата година.
 
 
Lenovo е пред се познат со производството на квалитетни персонални компјутери, но поради глобалниот пад на продажбата на лаптопи во светот Lenovo се фокусира на мобилни уреди.
 
 
Lenovo не само што останува најголемата компанија за компјутери во светот, но веќе е и четврта по продажба како на таблети, така и на паметните телефони во светот и продолжува забрзано да расте ”, коментира извршниот директор Иан Јуанцин .
 
 
Според него, компанијата очекува и раст на пазарот на компјутери. Околу 40 % од приходите на Lenovo се од кинескиот пазар каде имаат одлична позиција, но со понудата на повеќе високо квалитетни смартфони се очекува да се пробијат и на интернационалниот пазар во наредните години.
 
Извор: faktor.mk




Прочитајте повеќе: