BlackBerry нема да брза во прегратките на Android

Објавено на 08.11.2013 во Новости



BlackBerry нема да брза во прегратките на Android

Џон Чен новиот главен извршен директор на BlackBerry изјави дека сеуште е рано да се зборува за евентуалната одлука за присвојување на оперативниот систем Android и напуштање на BlackBerry OS 10 платформата.
 
 
Чен смета дека не може да дава било какви коментари за вака важни одлуки бидејќи на челната позиција на BlackBerry е само неколку дена, заменувајќи го Торстен Хајхн. Според него најдобро би било да се зачува тоа што BlackBerry го прави посебен од останатите производители и е заштитен знак за компанијата во минатите години.
 
 
Сепак, Џон Чен нема долго време за мислење но, тешко е да се поверува дека тој ќе ја однесе оваа крупна одлука која многу експерти ја сметаат за најлогична. Џон Чен нема долго да ја извршува функцијата извршен директор бидејќи тој ќе управува со BlackBerry за време на периодот на транзиција.
 
 
Затоа и се бара ново лице кое добро ги разбира потребите од квалитетен софтвер на смартфоните, како и можност за развивање на нова маркетинг стратегија. Меѓутоа најважната одлука ќе биде дали BlackBerry да продолжи со екрани на допир или пак со добро познатата QWERTY физичка тастатура.