Сите грешки во системот на iOs 7

Објавено на 11.11.2013 во iOs



Сите грешки во системот на iOs 7

Во фан борбата меѓу Android и iOs долго време се чека Apple да покаже слабост и да лансира верзија на оперативниот систем која ќе има голем број на грешки и изгледа дека таа можност конечно се појавува. Токму тврдокорните фанови на Apple тврдеа дека нивниот систем е безгрешен, но изгледа дека не е така.
 
 
Apple за кратко време мораше да направи неколку надградби на оперативниот систем кој стигна до верзијата iOs 7.0.3 но, и сега се наоѓаат повеќе недостатоци и грешки во софтверот. Секако ниту еден оперативен систем не е комплетно ослободен од грешки, но овој пат сите погледи се свртени кон Apple.
 
На листата на багови се наоѓаат менување на позадината по отклучување на смартфонот, проблем со заклучениот екран, проблем со поставување на видеа на YouTube, пречки во системот за мултитаскинг, блокирање на YouTube видеа на интернет прелистувачот Safari и уште неколку други.
 
 
Во продолжение погледнете ги видеата од сите пријавени багови на iOs 7 кои најверојатно ќе бидат решени со наредната надградба на Apple.