Лансирана нова iOS 7.0.4 надградба

Објавено на 15.11.2013 во iOs



Лансирана нова iOS 7.0.4 надградба

Apple за многу краток период лансира нова надградба на оперативниот систем iOs 7 кој досега откри многу слабости и бројни грешки во функционалноста. Затоа во период од два месеци стигна до верзијата iOS 7.0.4 која ветува дека конечно се решени барем дел од проблемите и баговите во оперативниот систем.

Со најновата iOS 7.0.4 верзија ќе се надмине багот во FaceTime што придонесуваше прекин на видео повиците кај поголем број на корисници.

За жал Apple како да не ги добил извештаите за останатите багови во почетниот екран, автоматското менување на позадините, проблемите со поставување на видеа на YouTube и блокирање на истите на интернет прелистувачот Safari.