Nokia MixRadio е најнов музички сервис

Објавено на 21.11.2013 во Windows



Nokia MixRadio е најнов музички сервис

Музичкиот плеер Nokia Music кој има и можност за слушање на радио станици и други извори на аудио фајлови се ребрендираше и стана Nokia MixRadio што многу повеќе доликува на вистинските можности на сервисот.
 
1 of 8
 
Меѓутоа не е променето само името, што значи дека Nokia направи огромна промена во корисничкиот интерфејс со нов модерен и попрегледен дизајн, како и додавање на повеќе нови функции на Nokia MixRadio.
 
3 of 8
 
Со Nokia MixRadio освен што може да слушате музика на традиционалниот начин преку внес на MP3 фајлови и локални и интернет радио станици, апликацијата ќе ви послужи и  да ја споделувате вашата омилена музика со пријателите на социјалните мрежи Facebook и Twitter.
 
7 of 8
 
Апликацијата исто така ви дава пристап до огромната база со песни на Nokia каде може да откривате нови наслови и изведувачи, како и да добивате информации за концерти и свирки. Дел од интернет базата на песни се наплаќа, но може да направите комбинација со која одредени песни ќе може да ги слушате бесплатно кога не сте поврзани на интернет.
 
5 of 8