Winamp повеќе го нема - Ова се алтернативите

Објавено на 21.11.2013 во Новости



Winamp повеќе го нема - Ова се алтернативите

Еден од најпопуларните медиа плеери за жал повеќе не постои откако по повеќе од 15 години компанијата AOL реши да ја укине подршката за сервисот поради намалените приходи и слабиот интерес. 
 
 
Долгата историја на Winamp му овозможи огромна популарност кај корисниците кои и денес се навикнати на едноставниот интерфејс, па затоа ви ги претставуваме неговите најдобри алтернативи.
 
 
AIMP е музички плеер кој најмногу наликува на Winamp со неговиот изглед и дизајн и со него лесно ќе се снајдете. AIMP ги има речиси сите стандардни опции за слушање на музика, креирање на плејлисти, како и голем број на додатоци со кои може да користите различни мулитмедијални содржини, слушање на интернет радија и 18 канален еквилизатор.
 
 
Foobar е релативно непознат медиа плеер, но е еден од наједноставните за користење, одлика која го красеше Winamp, па затоа ако ви треба едноставно програмче за внес на сите омилени песни и забавни содржини може да му дадете шанса. Кај Foobar постои и популарната опција за копирање на песните од CD и конвертирање во mp3 формат, па овој програм е совршен за олд скул корисниците.
 
 

За на крај го издвојуваме и XMplay кој можеби изгледа старомодно, но ги подржува речиси истите додатоци како и Winamp. XMplay има многу едноставен и минималистички дизајн и лесно се инсталира. 

Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov