Слушнете ги најоткачените насочувања за сообраќајот

Објавено на 25.11.2013 во Новости



Слушнете ги најоткачените насочувања за сообраќајот

Google неодамна го интегрираше сервисот Waze во своите апликации за мапи и навигација, како и за насочување помогнато од самите корисници со информации за сообраќајот. Но, наместо да слушате механички компјутерски глас Google доби идеја да го активира комичарот Кевин Харт.
 
 
Идејата е во кампањата да се вклучат повеќе познати лица за да ги промовираат новите опции на мапите на Google кои ќе ги користат податоците од севисот Waze кој беше купен за една милијарда долари.
 
 
Можеби Кевин Харт нема да ви помогне да ја најдете правилната насока, но сигурно добро ќе се насмеете со неговите совети. Погледнете ја првата реклама за Google Maps и Waze.