Nokia Lumia 2520 ќе ве разочара од iPad

Објавено на 26.11.2013 во Новости



Nokia Lumia 2520 ќе ве разочара од iPad

Идејата на новата реклама на Nokia за неодамна лансираниот таблет Nokia Lumia 2520 е да ве убеди дека Apple iPad е погрешен избор за таблет бидејќи нема квалитетни карактеристики како додатна физичка тастатура и супер издржлива батерија.
 
 
Apple го лансираше во продажба таблетот iPad Air токму на денот на промоцијата на Nokia Lumia 2520, па не требаше долго време за Nokia и Microsoft да го возвратат ударот со уште една реклама во која директно се напаѓа нивниот најголем конкурент.
 
 
Рекламата има интересно сценарио кое го следи еден корисник на iPad кој постојано нешто му недостасува, де физичка тастатура, де ќе му се потроши батеријата и по сите неволји здогледува прекрасна девојка и се заљубува во .... да ја скратиме приказната бидејќи ова не е шпанска серија, туку реклама за Nokia Lumia 2520.