GTA San Andreas пристигнува на мобилен

Објавено на 27.11.2013 во Игри



GTA San Andreas пристигнува на мобилен

Студиото RockStar Games досега успешно ги префрли најпопуларните наслови од серијата GTA и тоа симобилично како одбележување на десет годишнината од нивниот датум на лансирање. Следна во низа ќе биде една од најновите и секако најквалитетните GTA San Andreas.
 
 
Планот на RockStar Games е да ја обезбеди GTA San Andreas на сите три најпопуларни мобилни платформи Android, iOs и Windows Phone и тоа ќе се случи во декември. Бидејќи се работи за екстремно популарна игра најверојатно корисниците ќе треба да платат за инсталирање на GTA San Andreas.
 
 
RockStar Games исто така ветува дека ќе го искористи максимално капацитетот на новите смартфони па така GTA San Andreas ќе има одлична графика која ќе биде дури и подобра од првичната верзија за компјутер и гејмерските конзоли.
Автор: Aleksandar Stankov