Nokia ја збогати понудата со одличниот Lumia 525

Објавено на 27.11.2013 во Новости



Nokia ја збогати понудата со одличниот Lumia 525

Nokia официјално го претстави новиот смартфон Nokia Lumia 525 кој е наменет за широката потрошувачка бидејќи се работи за квалитетен смартфон кој ќе се продава по многу пониска цена.
 
 
Nokia Lumia 525 е наследник на бестселерот Nokia Lumia 520 кој забележа огромен успех наметнувајќи се во ниската класа, а најмногу е популарен во Европа. Nokia Lumia 525 е мало надградување со дополнување на RAM работната меморија која сега изнесува 1 GB, односно двојно повеќе од претходниот модел.
 
 
Смартфонот ги има речиси истите спецификации како неговиот претходник со четири инчен екран со резолуција од 480 x 800 пиксели, додека хардверот е составен од дво-јадрен Qualcomm процесор, со 8 GB меморија и слот за мемориска картичка, како и 5 мегапикселна камера.
Автор: Aleksandar Stankov