Годинава продадени рекордни 1 милијарда смартфони

Објавено на 30.11.2013 во Новости



Годинава продадени рекордни 1 милијарда смартфони

Според извештајот на аналитичката куќа IDC годинава ќе бидат продадени рекордни една милијарда паметни телефони и ова намерно го потенцираме бидејќи се однесува на смартфоните, бидејќи во оваа бројка не влегуваат обичните телефони.
 
 
IDC истакнува дека оваа година производителите успеале да продадат за речиси 40 проценти повеќе смартфони од претходната 2012-та година што доволно говори за интересот на купувачите да користат нови технологии, а исто така годинава паднала и просечната цена на смартфоните која изнесува 340 доалари.
 
 
Во извештајот посебно внимание се посветува и на пазарното учество на брендовите, поточно на оперативните мобилни системи, па така Android и понатаму е убедливо прв со 81 процент, следен од iOs на Apple на второто место со 12.9 %, додека зад нив се Windows Phone на Microsoft со 5% и BlackBerry со само 1.7%.
Автор: Aleksandar Stankov