Како да направите Jailbreak на iOs 7.0.4

Објавено на 02.12.2013 во iOs



Како да направите Jailbreak на iOs 7.0.4

Хакерите од Ragebreak успеаја да направат Jailbreak за iOs 7, кој може да се примени кај сите досегашни надградби на оперативниот систем се до верзијата iOs 7.0.4. Овој Jailbreak може да го направите на iPhone 4 GSM или CDMA со Tethered сетап.
 
 
Процесот за инсталирање на Jailbreak фајлот е прилично едноставен и засега е овозможен за Windows верзијата. Откако ќе го симнете фајлот треба да го поврзете вашиот iPhone со компјутерот, но тоа треба да го направите преку DFU модот кој се активира на следниов начин. Треба да го држите копчето за исклучување истовремено со Home копчето десетина секунди и тогаш компјутерот ќе го препознае смартфонот, по што започнувате со инсталирање, односно на превземање на Jailbreak фајлот.
 
 
Понатаму инсталацијата се врши речиси целосно автоматски, а од вас се бара на неколку места да стиснете ok или yes. Во вториот чекор смартфонот треба повторно да го активирате преку DFU модот за да ја инсталирате Cydia програмата, а тука треба да ја внесете и IP адресата која може да ја видите во менито за Wi-Fi мрежата. 
 
 
Целиот процес е прилично едноставен и доколку се решите да направите Jailbreak за iOs 7 следете го целото видео во продолжение каде се објаснети сите чекори поединечно.

Автор: Aleksandar Stankov