Рускиот YotaPhone со двоен екран конечно промовиран

Објавено на 04.12.2013 во Новости



Рускиот YotaPhone со двоен екран конечно промовиран

Руската компанија за мобилни телефони Yota Devices конечно и официјално го претстави YotaPhone еден од најуникатните смартфони на пазарот кој има ва екрани, од кои едниот во боја, а вториот на задната страна е со црно-бела слика.
 
 
YotaPhone ја користи E-Ink технологијата за вториот помошен екран кој ќе се прикажува само во црно-бело боја и ќе троши малку енергија. Целта на овој 4.3 инчен екран е да прикажува известувања од социјалните мрежи и специјално дизајнираните апликации.
 
 
Главниот LCD екран на YotaPhone исто така има големина од 4.3 инчи со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели. Смартфонот работи на дво-јадрениот Qualcomm Snapdragon S4 процесор од 1.7 GHz, со 2 GB RAM и 13 мегапикселна камера. Интересниот со YotaPhone два екрани ќе се продава по цена од 500 евра во Европа.
 
Автор: Aleksandar Stankov