Dell XPS 11 е одличен конвертибилен лаптоп

Објавено на 08.12.2013 во Новости



Dell XPS 11 е одличен конвертибилен лаптоп

Dell неодамна го најави новиот конвертибилен лаптоп кој ќе има големина на екранот од 11 инчи со фанатастична висока резолуција од 2560 x 1440 пиксели и ќе работи на новиот оперативен систем Windows 8.1.
 
 
Најпривлечниот момент кај Dell XPS 11 е можноста екранот на лаптопот да се врти околу лежиштето за цели 360 степени, па така ќе може да го користите и како таблет. Бидејќи екранот е на допир со вртење на спротивната страна физичката тастатура ќе се користи како потпирач без потреба да набавувате дополнителни додатоци за таа намена.
 
 
Dell XPS 11 покрај двојната функција на екранот има моќен Core i5 Haswell процесор кој не троши многу енергија и ја штеди батеријата и со сигурност е еден од најмоќните Windows 8.1 хибридни уреди со издржлива батерија и премиум квалитет на дизајнот. Вака квалитетен уред со двојна намена доаѓа и со многу висока цена која изнесува 999 долари.