Апликација на денот - Bing открива нов свет за Android

Објавено на 09.12.2013 во Android



Апликација на денот - Bing открива нов свет за Android

Најверојатно досега на сите ви е познато дека Bing е интернет пребарувач кој е еден од најголемите конкуренти на Google и е нашироко користен во системот на Microsoft Windows, но тоа не го спречува да ги понуди своите квалитети и за мобилната платформа на Android.
 
 
Тоа што е најинтересно кај Bing и што го одвојува од останатите интернет пребарувачи е што секојдневно има различни позадини кои може да се пренесат и на почетниот екран на вашиот смартфон или таблет. Bing е секако еден од најдобрите пребарувачи, барем кога е во прашање визуелниот изглед.
 
 
Понатаму со Bing може да користите и гласовни команди за пребарување на различни термини, како и да ги споделувате добиените резултати на социјалните мрежи. Со Bing може да пребарувате слики, видеа и веб страни, а исто така има посебна категорија за откривање на линкови од вашата близина.
 
Автор: Aleksandar Stankov