Новиот фаблет LG Gx официјално претставен

Објавено на 16.12.2013 во Новости



Новиот фаблет LG Gx официјално претставен

LG Mobile официјално го претстави новиот супер смартфон LG Gx како мала увертира за тоа што ќе биде понудено во наредната година. Се работи за уште еден квалитетен смартфон со големина од 5.5 инчи кој има неколку новитети.
 
 
LG Gx има високо квалитетен IPS LCD екран со Full HD резолуција, потоа работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 600 процесор со 2 GB RAM. Ова е еден од првите смартфони кој ќе може да се поврзе со најбрзата мобилна 4G LTE-A мрежа од 2.6 GHz френкфенција на сообраќај.
 
 
Смартфонот кој многу наликува на LG G Pro има и батерија со висок капацитет од 3100 mAh која може да се замени. Димензиите на LG Gx изнесуваат 150.6 x 76.1 x 9.2 милиметри и истиот тежи 167 грама. LG Gx ќе се продава по почетна цена од 800 долари од јануари 2014 година, но неговата цена со склучен договор ќе изнесува некаде под 200 долари.