BlackBerry ја потроши милијардата повторно е пред банкрот

Објавено на 17.12.2013 во Новости



BlackBerry ја потроши милијардата повторно е пред банкрот

Според анализата на Пјер Ферагу од финансиската куќа Bernstein канадската компанија многу брзо ја троши финансиската инјекција вредна една милијарда долари доделена од нивниот најголем акционер инвестициската компанија Fairfax Financial.
 
 
Пјер Ферагу во својот извештај навел дека BlackBerry за само три месеци потрошил околу 800 милиони долари и како и претходниот така и во квартал последен за 2013 година ќе го заврши со големи загуби.
 
 
Во анализата на Bernstein стои и дека BlackBerry сеуште има можност да се извлече од финанскиската криза доколку навреме го лансира планираниот премиум смартфон BlackBerry Z50 кој ќе има Full HD екран и ќе работи на четири-јадрен процесор и ќе биде прв од ваков вид за канадската компанија.