GTA: San Andreas стартуваше проблематично на Android

Објавено на 21.12.2013 во Игри



GTA: San Andreas стартуваше проблематично на Android

Rockstar Games една недела по пласманот на популарната игра GTA: San Andreas за оперативниот систем iOs ја лансираше и верзијата за Android но, само во еден ден доби огромен број на негативни оценки заради проблеми со функционалноста.
 
Grand Theft Auto: San Andreas - screenshot
 
Тие што ја инсталирале играта GTA: San Andreas во првиот ден и дале оценка 1 ѕвезда од 5, што резултираше со брза надградба која би требало да ги надмине проблемите со кочење и неактвирање на голем број на смартфони.
 
Grand Theft Auto: San Andreas - screenshot
 
Доколку и понатаму сте заинтересирани за играта GTA: San Andreas на мобилен ќе треба да платите 6.99 долари, а во Play Store за Android фајлот за инсталација изнесува 2.4 GB што значи дека треба да располагате со поголем мемориски капацитет.