Bing е подготвен да го руши Google

Објавено на 23.12.2013 во Новости



Bing е подготвен да го руши Google

Microsoft објави дека Bing нивниот интернет пребарувач е конечно подготвен да се соочи со Google со целата сила бидејќи е завршен долгогодишниот проект на креирање на огромната база на податоци, како и напредниот алгоритам за подобри резултати при пребарувањето.
 
 
Microsoft го форсираше Bing од неговиот почеток и од компанијата се одлеваа огромни средства за да се подобри неговата функционалност и дури шест години се инвестираше во досега најквалитетниот конкурент на Google.
 
 
Bing е конечно опремен со целата техничка подршка и е целосно интегриран во работата на оперативните системи Windows 8.1, Windows RT и Windows Phone 8 што му дава огромна предност на корисникот при добивање на информации од различни сервиси. Bing е конечно подготвен да создава профит и нема повеќе да биде дупка без дно за Microsoft.