Oppo со уште еден квалитетен смартфон

Објавено на 24.12.2013 во Новости



Oppo со уште еден квалитетен смартфон

Кинеската компанија Oppo лансираше нов смартфон кој за разлика од супер иновативниот N1 ќе биде наменет за пошироката потрошувачка со пристапна цена од 400 долари. Се работи за Oppo R1 кој има неколку квалитетни карактеристики привлечни за купувачите.

Oppo R1 поседува 5 инчен IPS дисплеј со висока резолуција од 1280 х 720 пиксели што е сосема доволно за добивање на пристојна слика со голема деталност и квалитетен приказ на боите. Во внатрешноста на уредот е сместен четири-јадрен Mediatek процесор со брзина од 1.3 GHz, 2 GB RAM и 16 GB вградена меморија која за жал не може да се надополни преку microSD мемориска картичка. Oppo R1 работи на оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean.

Една од најголемите предности на Oppo R1 е изборот на камерите, па така главната има сензор од 8 мегапиксели со широка леќа која апсорбира поголемо количество на светлина, а со тоа се добиваат и многу поквалитетни слики, додека предната камера од 5 мегапиксели е одлична за видео повици и автопортрети. Oppo R1 освен во Кина ќе се продава и на глобалните пазари. 

Автор: Aleksandar Stankov