Топ 5 најдобри смартфони во 2013 година

Објавено на 31.12.2013 во Новости



Топ 5 најдобри смартфони во 2013 година

Изминатата година како никогаш досега имавме можност да погледнеме огромен број на супер смартфони кои работат на најдобрите хардверски компоненти, а мобилната индустрија постојано ги рушеше гранците на возможното. Затоа е навистина тешко да се состави оваа топ 5 листа бидејќи голем број на смартфони ќе бидат изоставени, но според повеќе параметри ова се најдбрите за 2013 година.

5. Листата ја започнуваме со HTC One кој воодушеви уште на стартот на годината со досега еден од најдобрите дизајни употребени кај еден смартфон. Неговото алуминиумско куќиште придонесе да ги освои сите награди за дизајн, а исто така го привлече вниманието со одличниот хардвер и новиот кориснички интерфејс Sense 5.0.

4. LG G2 е најголемото изненадување за 2013 година бидејќи за првпат вториот по вредност корејски производител докажа дека е способен за учество во премиум класата. LG G2 има уникатен концепт за сместување на физичките копчиња на задната страна за полесен пристап и поудобно држење, додека пак предната страна е најефикасно креирана со минимална рамка околу екранот. LG G2 е фантастичен смартфон со нов квалитетен софтвер кој може да му парира и на Samsung Galaxy S4.

3. Sony Xperia Z1 сосема заслужено го освојува високото трето место бидејќи докажа дека еден смартфон може да користи мега квалитетна камера од 21 мегапиксел без притоа да се направи ниту една отстапка од минималистичкиот дизајн. Sony Xperia Z1 има голем број на предности како водоотпорниот дизајн, врвниот хардвер и употребата на најразвиената технолгија на екранот со големина од 5 инчи.

2. iPhone 5s можеби не донесе огромен број на промени од ланскиот модел на Apple, но затоа уште еднаш докажа колку оваа компанија има напредна технологија. Тука пред се мислиме на иновативниот 64 битен A7 процесор, прв од ваков вид, како и употребата на првиот скенер за отпечатоци Touch ID сместен на единственото почетно копче под екранот кој придонесе за подигнување на безбедносните стандарди на највисоко ниво. iPhone 5s е досега најпродаваниот смартфон на Apple, а корисниците конечно го добија и целосно редизијанираниот оперативен систем iOs 7 кој воведе вистинска револуција со едноставен и прегледен интерфејс, брза активација на најважните опции и вклучување на голем број на софтверски алатки за мултитаскинг, како и висока оптимизираност за непречено одвивање на сите видови на операции.

1. Samsung Galaxy Note 3 е сепак изборот на вистинските познавачи на мобилната технологија, моќен уред кој ќе ги задоволи сите ваши желби и е наменет токму за оние на кои им е потребен мини компјутер сместен во телефон со големина од 5.7 инчи. Samsung Galaxy Note 3 е досега најдобриот телефон на Samsung и тоа го докажа со врвниот хардвер составен од осум-јадрениот Exynos 5 процесор, за прв пат употребените 3 GB RAM, 13 MP камера, како и огромниот број на софтверски додатоци подржани и од функционалното S пенкало. Софтверот на Samsung покажува што се може да постигнете со платформата на Android нудејќи им на корсниците еден тон додатоци во сите категории како забава, мултитаскинг, организација, професионални алатки и иновативни контроли и гестови. 

Автор

Христијан Станоевиќ