Motorola најави нешто големо за Европа

Објавено на 09.01.2014 во Новости



Motorola најави нешто големо за Европа

Motorola e фаворитот од сенка за изминатата година со двата квалитетни и пред се евтини смартфони кои отстапуваат од мноштвото мобилни уреди на пазарот, па редно е поголемо внимание да посветат и на европските корисници, наместо досега фокусирање единствено на САД.
 
 
Motorola сака да го промени имиџот и затоа закажа промотивен настан на 14 јануари кој ќе се одржи во Лондон, Велика Британија. На поканата до медиумите е испишана порака дека по глобалната промоција на Motorola Moto X редно време е да се зголеми понудата на производи за европскиот пазар.
 
 
Некои ескперти претпоставуваат дека се работи за европска промоција на Motorola Moto X кој е еден од првите смартфони каде корисникот може да одлучува за неговиот изглед или барем некоја слична понуда за европскиот пазар.