Научна фантастика во дневната соба: Првиот LG флексибилен телевизор

Објавено на 09.01.2014 во Новости



Научна фантастика во дневната соба: Првиот LG флексибилен телевизор

LG Electronics го претстави првиот флексибилен ОЛЕД телевизор на светот. Со овој иновативен телевизор, корисниците сега можат да го контролираат аголот на закривеност со цел најдобро доживување при гледање телевизија, кое до сега беше можно само во филмовите од научна фантастика.

„Новиот LG флексибилен ОЛЕД телевизор е производ кој мора да се испроба за да се поверува дали навистина постои, бидејќи во секој аспект ги надминува сите очекувања на нашите корисници”, изјави Hyun-hwoi, претседател и генерален директор на компанијата LG Home Entertainment. „Она што е заобленото за рамното, флексибилното е за заобленото. Постојано тежнееме да воведеме иновации во нашата индустрија, така што со овој модел LG продолжува да ја предводи еволуцијата на телевизорите.”

Она што го издвојува LG флексибилниот ОЛЕД телевизор од сите други ТВ уреди на светот е тоа што закривеноста на екранот може да се прилагоди со користење на далечинскиот управувач според преференциите на гледачот. Опсегот на закривеност се утврдува со земање во обзир на клучните фактори кои влијаат на доживувањето на гледачите, како што се големината на екранот и далечината од која се гледа. Бидејчи корисникот сега може да ја подеси закривеноста, може да ужива во најдоброто гледачко искуство, скроено според нивниот вкус.

Автор: Aleksandar Stankov