Microsoft е најнеопходен без другите се може

Објавено на 11.01.2014 во Новости



Microsoft е најнеопходен без другите се може

Последното истражување за најдобрите 10 технолошки брендови спроведено од Forrester Research навистина ќе ве изненади, бидејќи Microsoft е најнеопходен бренд, додека Apple, Sony, Samsung, HP, Dell и останатите се зад него.
 
 
Microsoft бележи најдобри резултати во сите возрасно категории, а новата стратегија за унифиицарање на сите производи и услуги под еден брен станува се попрепознатлива меѓу корисниците кои на овој начин полесно може да ги користат сите сервиси на Microsoft.
 
 
Во истражувањето корисниците за Apple ја дала оценката дека нивните производи навистина ги исполнуваат потребите и очекувањата, но најголем проблем за нив во последниот период е што им недостасува иновативност.
 
 
Производите на Microsoft се оценети како незаменливи, што навистина е изненадувачки и затоа треба да му честитаме на маркетинг одделот на компанијата кој изгледа дека одлично си ја врши работата со убедување на корисниците во нивниот квалитет, што се рефлектира и на резултатите на истражувањето на Forrester Research.




Прочитајте повеќе: