Galaxy Note 3 Neo ќе биде помоќен и поевтин

Објавено на 12.01.2014 во Новости



Galaxy Note 3 Neo ќе биде помоќен и поевтин

Samsung Galaxy Note 3 Neo или евтината верзија на Galaxy Note 3 ја откривме уште пред неколку месеци и полека се доближуваме до моментот кога овој нов моќен фаблет ќе биде лансиран на пазарот. 
 
 
Досега е откриено дека ќе работи на новиот шест-јадрен процесор Exynos 5260 прв од ваков вид, а исто така ќе има за нијанса помал екран од 5.5 инчи, споредено со Galaxy Note 3. Неговиот Super AMOLED ќе располага со резолуција од 720 x 1280 која е под нивото на Full HD стандардот, но е доволна за квалитетна слика. 
 
 
Понатаму се очекува Galaxy Note 3 Neo да има и 8 мегапикселна камера, 2 GB RAM, 16 GB вградена меморија, батерија со капацитет од 3100 mAh, како и дека ќе работи на најновиот софтвер составен од Android 4.4 KitKat како и новиот кориснички интерфејс Magazine UX на Samsung.
 
 
Што се однесува на шест-јадрениот Exynos 5260 кој најмногу привлекува внимание се аботи за комбинација на чипсет од две+четири јадра кои работат на френкфенција од 1.7 и 1.3 GHz, кои иако имаат одделни функции преку Heterogeneous Multi-Processing системот може да работат истовремено. 
 
 
Samsung Galaxy Note 3 Neo ќе биде за нијанса поквалитетен од Samsung Galaxy S4 кога се во прашање перформансите, додека пак неговата цена би требало да биде нешто пониско поставена. Овој фаблет се очекува да биде претставен на MWC во Барселона наредниот месец.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ