Apple пресреќен на iPhone 5s му тргна во Кина

Објавено на 15.01.2014 во Новости



Apple пресреќен на iPhone 5s му тргна во Кина

Apple соопшти дека се големи оптимисти откако нивниот нов партнер најголемиот кинески мобилен оператор China Mobile порачал 1.4 милиони примероци од најдобриот смартфон iPhone 5s со што се надминуваат почетните грижи дека продажбата целосно ќе потфрли.
 
 
Првиот iPhone 5s понуден преку официјален кинески оператор ќе биде испорачан во петок 17 јануари како што беше договорено уште пред истекот на 2013 година, а China Mobile ги исполни барањата на Apple со воведувањето на новата 4G LTE мрежа за многу поквалитетна услуга.
 
 
Одговoрните во Apple меѓу кои и извршниот директор Тим Кук можеби скокаат од радост во овој момент, но ситуацијата беше далеку од весела пред само половина месец кога беа регистрирани само 100.000 нарачки за iPhone 5s од претплатниците на China Mobile.




Прочитајте повеќе: