Apple ќе се бори на сите фронтови во 2014

Објавено на 20.01.2014 во Новости



Apple ќе се бори на сите фронтови во 2014

Уште во декември пред крајот на 2013 година Тим Кук извршниот директор на Apple упати силна порака до своите вработени дека во наредниот период компанијата ќе го продолжи патот кон врвот во технолошката индустрија што се протолкува како најава за пласман на многу нови производи.
 
 
Apple досега имаше огромен успех со одличниот смартфон iPhone 5s, но сите анализи велат дека притисокот од Android сферата со големи уреди и екрани над 5 инчи се голем мотив да видиме нов iPhone со нова форма и екран со големина од 4.7 инчи, како и првиот iPhablet со големина на екранот од 6 инчи.
 
 
Во конкуренцијата на таблети iPad е еден од најпрестижните и најпосакувани уреди, но понудата на премиум моделот Nexus 7 по ниска цена, како и големниот број на Samsung Galaxy Note 10 ќе го принуди Apple да создаде нешто ново, што со сигурност ќе резултира со iPad Pro кој ќе содржи голема компјутерска моќ и ќе може да се користи и како лаптоп.
 
 
Негативните коментари дека Apple е неиновативен и не ја следи визијата на Стив Џобс ќе се замолкнат со смарт часовникот iWatch кој е во финална фаза на производство, а тука е отворен патот и за iTV проект кој мора да се реализира. Со оваа фантастична понуда нема сомневање дека Apple повторно ќе ја освои премиум класата.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: