Google чека милијарди од компаниите што ги купи

Објавено на 22.01.2014 во Новости



Google чека милијарди од компаниите што ги купи

Google постојано купува по некоја помала компанија или интересен стартап на млади програмери, но најголемо внимание привлекуваат огромните аквизиции кои вредат милијарди долари. Такви беа купувањата на Motorola, Nest, како и на сервисот за совети и навигација во сообраќајот Waze кои објаснуваат како е да се биде под капата на Google.
 
 
Ноам Бардин главниот директор на Waze имаше интересно интервју за The Information каде најпрво се пошегува дека повеќе не се секираат дали ќе направат пари бидејќи Google ќе ги покрие, но не е се така розово за компаниите под сопственост на технолошкиот гигант.
 
 
Според Бардин притисокот е зголемен бидејќи се поставува прашањето зошто Google би потрошил милијарди долари за некоја компанија, освен ако не очекува нивниот бизнис да расте постојано и да стигне до моментот кога инвестицијата и потрошените пари ќе може да се вратат и да се профитира од сето тоа. 
 
 
Waze е дел од Google но, како и сите откупени компании продолжува да функционира и да се развива независно, а подршката од тимот на Mountain View е добредојдена. Во продолжение погледнете го интервјуто со Ноам Бардин за сите промени на Waze.