Гејмери подгответе се - GTA 5 доаѓа на PC

Објавено на 24.01.2014 во Новости



Гејмери подгответе се - GTA 5 доаѓа на PC

Сајтовите на Amazon во Франција и Германија за кратко објавиле оглас за мега хитот GTA 5 за неговата верзија за компјутер, но информациите набрзо биле повлечени, што веднаш ги подгреа надежите дека наскоро гејемрите ќе имаат можност овој наслов да го играат и на PC.
 
 
Amazon и претходно објавувал предвреме неофицијални игри, поради некоја грешка во организацијата и тоа било знак дека насловот брзо ќе се најде на пазарот. GTA 5 моментално е достапна само за домашните конзоли PlayStation 3 и Xbox 360, но, по огромниот успех нема никаква пречка играта да биде пренесена и на останатите платформи вклучувајќи и PC верзија.
 
 
Rockstar студиото исто така има огромен притисок од фановите кои се органзираат потпишувајќи петиции за да ја добијат фантастичната GTA 5 на својот компјутер, но треба да се знае дека ќе биде потребна ѕверска машина за да може да ја играте без никакви кочења и проблеми.




Прочитајте повеќе: