Sony Xperia Z Ultra прави чуда со огромниот екран

Објавено на 25.01.2014 во Новости



Sony Xperia Z Ultra прави чуда со огромниот екран

Sony Mobile ја промовираше најновата реклама за одличниот фаблет Sony Xperia Z Ultra кој неодамна беше лансиран и со посебна Wi-Fi верзија која го претвора во функционален таблет, па затоа мора да се покаже за што се е способен неговиот огромен Full HD 6.4 инчен екран.
 
 
Новата реклама за Sony Xperia Z Ultra е посветена токму на екранот, а сценариото е мошне едноставно, момче и девојка го гледаат новиот филм SpiderMan 2 на голем екран но, со мала промена на кадарот дознаваме дека всушност гледаат во дисплејот на Sony Xperia Z Ultra.
 
 
Потоа момчето се јавува на смартфонот и се открива дека всушност тој е SpiderMan, дел што не им бил потребен, но со оглед дека се работи за реклама наменета за азискиот пазар ќе им простиме, бидејќи оддолеале да внесат и еден куп луди додатоци карактеристични за јапонскиот маркетинг. Сепак, ви препорачуваме да ја погледнете реклата за квалитетниот Sony Xperia Z Ultra.