Евтините смартфони на BlackBerry доаѓаат во февруари

Објавено на 28.01.2014 во Новости



Евтините смартфони на BlackBerry доаѓаат во февруари

Џон Чен новиот извршен директор на BlackBerry кој се зацврсти на челната позиција полека зпочнува да го реализира својот план за враќање на компанијата во живот, а првиот чекор е пласман на евтини смартфони наменети за пазарите во развој кои ќе бидат промовирани во февруари на Светскиот мобилен конгрес кој се одржува во Барселона.
 
 
BlackBerry неодамна донесе одлична одлука, а тоа е потпишување на петгодишен договор со фабрика Foxconn која ќе ги произведува новите смартфони, ќе примени свои дизајни и ќе учествува во дистрибуцијата, за што има одлични капацитети. Токму затоа нивниот извршен директор Теру Гу објави дека заеднички ќе ги претстават новите смартфон со BlackBerry на MWC 2014.
 
 
Меѓу планираните смартфони кои ќе дебитираат се повеќе уреди со физичка QWERTY тастура, како и новиот BlackBerry Jakarta кој ќе се издвојува со целосен екран на допир. BlackBerry Jakarta ќе биде наменет за ниската класа и доколку понуди солиден хардвер и перформанси, со пристапната цена ќе може да се натпреварува на многу пазари во развој, пред се во Азија и Источна Европа.