Microsoft ќе дели подароци за користење на Bing

Објавено на 30.01.2014 во Новости



Microsoft ќе дели подароци за користење на Bing

Microsoft реши да го одврзе кесето и да ги награди своите верни корисници кои наместо Google ќе го изберат интернет пребарувачот Bing. Оваа опција ќе биде достапна за мобилните платформи на Android и iOs.
 
 
Корисникот ќе има можност да заработи кредити само со едноставно пребарување на апликацијата Bing за Android и iOs и со нив подоцна ќе може бесплатно да превзема апликации и содржини од Windows Store. Иронично, но оваа опција сеуште не е достапна за Windows платформата иако се работи за истата компанија која ги обезбедува услугите.
 
 
Пред еден месец се појави интересно истражување кое покажа дека ниту корисниците на Windows не се премногу воодушевени за Bind иако доаѓа како прединсталиран на нивниот смартфон или таблет, па затоа Microsoft ќе се потруди да го популаризира овој квалитетен интернет сервис кој сеуште е во сенка на пребарувачот на Google.