Најевтин роаминг во Вип, ОНЕ, Т-Мобиле, Албафон?

Објавено на 30.01.2014 во Новости



Најевтин роаминг во Вип, ОНЕ, Т-Мобиле, Албафон?

Доколку ги разгледате тарифите за роаминг на македонските оператори ќе забележите многу високи цени за воспоставување на повик кои се движат од 20 до 100 денари за минута, но затоа пак постои и услугата за повик со USSD код што значително ја намалува цената.
 
 
Операторот Вип веќе подолго време ја нуди услугта за повик со USSD код од странство кон Македонија со многу ниска цена од само 9.9 денари минути. USSD кодот се внесува пред повикувачкиот број за земјата и телефонскиот број, во случајот на Вип тоа е кодот *123*3897ХХXXXXX#. Кон Македонија по актвивација на услугата треба да го внесете само телефонскиот број. Промотивната цена е ќе важи до 28 февруари 2014 година за повици со USSD код од сите странски оператори кои ја овозможуваат таа услуга. 
 
 
Операторот ОНЕ исто така ја овозможува услугата за повикување со USSD кодот но, со регуларни цени и нема воведено некаков попуст во овој период. Тарифата со USSD кодот изнесува 24.9 денари минута кон мрежата на ОНЕ, 39.9 кон останатите национални мобилни и фиксни мрежи и 89.9 денари во странство. Регуларниот начин на роаминг без внес на  *123* USSD кодот е многу поскап од оваа тарифа и се разликува од зона во зона.
 
 
Т-Мобиле има своја понуда за роаминг и разговори од странство преку USSD кодот каде корисниците може да зборуваат за 10 ден./мин. Треба да се јавите се на бројот 142 099 и Говорниот автомат ќе ве води низ чекорите за активирање. По регистрирањето по пат на SMS пристигнува известување дека успешно сте ја активирале услугата, со што од припејд или постпејд сметка еднократно ќе бидат наплатени 100 ден. со вклучен ДДВ.
 
 
Albafone четвртиот мобилен оператор во Република Македонија нуди екстра понуда за корисниците во роаминг кои ќе воспоставуваат повици од земјите во нашето соседство, поточно од Косово и Албанија. Корисниците на Albafone може да се поврзат преку операторот Ipco од Косово и воспоставување повик во Македонија ќе ги чини 21 денар минута, додека пак во Албанија преку операторот Eagle Mobile ќе платат по 31 денар за минута. Albafone на својот официјален веб сајт нема наведено дали е возможна услугата на повикување од странство со USSD код.