PayPal му се нуди на Apple

Објавено на 31.01.2014 во Новости



PayPal му се нуди на Apple

Apple неодамна потврди дека има големи планови за влез во сферата на електронските мобилни плаќање со креирање на свој платежен систем, а PayPal кој веќе е изграден бренд и сервис кој совршено функционира во делот на електронската наплата веднаш се понуди да и помогне на компанијата од Купертино.
 
Apple со свој систем за електронско плаќање
 
PayPal се понудил да го изработи целиот електронски систем за наплата на Apple, што значи изградба на инфраструктура, решавање на правни и економски прашања и креирање на безбедносна заштита од измами, додека пак брендирањето и функционалноста целосно ќе биде во име на Apple.
 
 
Оваа понуда иако звучи примамливо сигурно дека тешко ќе помине кај технолошкиот гигант Apple кој не би бил расположен за соработка со PayPal и како за сите досегашни проекти ќе се обиде самостојно да го развие системот за наплата.
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: