Apple целосно промаши со iPhone 5c

Објавено на 03.02.2014 во Новости



Apple целосно промаши со iPhone 5c

Во октомври 2013 година го прогласивме iPhone 5c за најголемата измама на Apple бидејќи долго очекуваниот iPhone воопшто не беше евтин и не понуди речиси ништо ново освен шарена маска во повеќе бои изработена од пластика. Неуспехот го призна и Тим Кук генералниот директор на Apple кој изјави дека iPhone 5c поминал многу послабо од очекувањата.
 
 
Слабата заинтересираност за iPhone 5c лежи во фактот што немаше ниту еден новитет во однос претходниот модел iPhone 5 и главните иновации како скенерот за отпечатоци Tocuch ID беа сместени во премиум моделот iPhone 5s. 
 
 
Исто така цената одигра голема улога, па откако фановите на Apple видоа дека за сто долари повеќе може да купат многу подобар смартфон целосно го изигнорираа iPhone 5c, а од друга страна евтината и средната класа од сферата на Android целосно го засени овој смартфон.




Прочитајте повеќе: