Најдобрите филмови бесплатно на мобилен
Објавено на 03.02.2014 во Android
MovieTube е најновата апликација за Android која ви ги презентира сите филмови на едно место. Апликацијата е базирана на YouTube од каде се превземаат филмовите, но на корисникот му е овозможено да ги пронајде омилените наслови на многу полесен начин.
Во MovieTube пребарувањето на филмовите е поделено во три категории, според годината на премиера, жанрот и поделба според сличности, па така многу лесно ќе го најдете омилениот филм, без оглед дали е некој нов кино хит или пак некој постар наслов.
MovieTube освен пребарување на филмови овозможува и гледање на најновите телевизиски хит серии и ги прикажува поединечно по епизоди. MovieTube е интересна апликација на која треба да и се даде шанса и истата може да ја најдете во Play Store за Android и да ја инсталирате бесплатно.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.